Од понеделник почнува примената на Безбеден град во Охрид

Сподели:

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник, 12 октомври, системот за сообраќаен надзор Безбеден град започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид.

По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид.

Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.

фото МВР

Сподели: