Од среда се отвораат Меѓународниот аеродром Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид

Сподели

 

Министерството за здравство информира дека 72. седница, Владата ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за отворање на сите гранични премини за движење на патници од петок, 26 јуни 2020 година.

Согласно одлуката, отворањето на границите значи непречено движење на патници и возила без приложување на PCR тестови и без упатување во домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.

Одлуката се однесува на сите сувоземни гранични премини, а од 26 јуни ќе биде укината и забраната за организиран превоз.

Владата донесе одлука од 1. јули, среда, да бидат отворени за сообраќај Меѓународниот аеродром Скопје и на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.