Вести Македонија

Одбележување 70 години од основањето на УНИЦЕФ

Сподели:

Со повеќе активности денеска ќе биде одбележана 70-годишнината од основањето на УНИЦЕФ.

Во ТЦ „Сити мол“ на втори кат ќе бидат отворени изложбите „70 години за секое дете“ и „Мали приказни“ од домашни и меѓународни автори. Посетителите ќе можат да ги погледнат изложбите до 12 декември.

Учесниците ќе имаат можност да ја дадат својата поддршка, да се фотографираат и да разоткријат пораки за надеж за секое дете. Пред одредени проекции во киното „Синеплекс“ ќе бидат прикажани видеа и приказни за надеж и повик на УНИЦЕФ за запирање на насилството врз децата.

УНИЦЕФ е формиран пред седумдесет години за да одговори на најитните потреби на децата, погодени од Втората светска војна.

Сподели: