Вести Македонија Ударни вести

Одложена средбата на преговарачите на Македонија и Грција со Нимиц

Сподели:

Средбата на медијаторот Метју Нимиц со претставниците на Грција и на Македонија која требаше да се одржи на 20 или 21 ноември е одложена за декември. На средбата, што требаше да се одржи после подолга пауза, според грчките медиуми, Нимиц требало да излезе со конкретен предлог за решавање на спорот.

Засега не се знаат причините за одложувањето на средбата која првично ја најави премиерот Заев. Тој деновиве рече дека на 20 или 21 ноември очекуваат да се направи првата средба помеѓу преговарачите од двете земји со Нимиц.

Весникот „Катимерини“ пак, најави дека вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи следната недела ќе ја посети Атина каде што ќе разговара со високи претставници на грчките власти. Весникот информира дека се очекува средбите меѓу претставници на двете земји да се интензивираат на почетокот од следната година.

Сподели: