Одземена биста од градските гробишта Бутел, бесправно градење

Сподели

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.С.(35) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекрузори“ и „спречување на докажување“. На 29.05.2025 во Штип, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени кокаин, дигитални ваги, нож и банкноти во разни апоени. Притоа, пријавениот ја фрлил дрогата во дворот со намера да ја уништи, но веднаш била пронајдена и одземена.  

СВР Велес поднесе кривична пријава против К.Б.(50) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги”. На 04.02.2025 во Велес, полициски службеници го затекнале пријавениот како продава дрога на друго лие, а подоцна бил извршен претрес во неговиот дом и кај него лично, при што се пронајдени и одземени марихуана и канабис.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.А.(18) од Скопје, М.Ј.(18) од Битола и еден малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и против Р.Ѓ.(19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поттикнување“. На 05.02.2025 во кругот на средно училиште во Скопје, второ и третопријавениот физички нападнале малолетничка, четвртопријавениот ги поттикнувал, додека првопријавениот снимал со мобилен телефон, а потоа и го одзеле нејзиниот телефон.  

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против О.Е.(22), Д.М.Б.(24) и А.Ј.(42), сите од Република Турција, а А.Ј. со регулиран престој во државата. Имено, на 16.05.2025 во 23.30 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода O.E. и Д.М.Б. затоа што при гранична контрола било констатирано дека имаат два последователни излези, а немале влез и дека во патните исправи имале фалсификувани штембили. Притоа, во службен разговор, тие изјавиле дека турски државјанин требало да им го регулира престојот за одреден паричен надомест. По преземени мерки и активности, од слобода е лишен и А.Ј. поради сомнение за инвилвираност во настанот.

СВР Велес поднесе кривична пријава против В.Г.(35) од Кавадарци, со живеалиште во Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 17.03.2025 на објава на веб портал, пријавениот напишал коментар со ксенофобична содржина.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.И. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,узурпација на недвижности’’ и ,,бесправно градење’’. Во текот на 2022 година на земјиште во државна сопственост, пријавениот во својство на инвеститор извел доградба на постоечки деловен објект, без одобрение од надлежна институција.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Т.Р. од с.Долна Бела Црква, ресенско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На негова катастарска парцела, пријавениот изградил настрешница која навлегувала во заштитен појас на електроенергетски далековод, без да има одобрение за градба и дозвола од операторот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Е.М. од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца”. На 03.04.2025, полициски службеници извршиле контрола патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од пријавениот, при што е констаирано дека врши јавен превоз на   патници без да поседува лиценца од надлежен орган.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Р. од општина Липково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет нарокични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На 22.01.2024 во с.Липково, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории на пријавениот, при што се пронајдени и одземени марихуана  и дигитални ваги со остатоци од марухуана и кокаин.

На 02.06.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.Н.Д.(31), А.М.(41), Д.Ј.(19) и 38-годишната А.М., сите од Скопје, како и С.Т.(30) од с.Шишево, скопско, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 02.06.2025 во 11.45 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Х.С.(47) од Република Грција затоа што при гранична контрола кај него е пронајдена и одземена  марихуана. Тој е предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 02.06.2025 во 18.55 часот на Граничен премин Ќафасан, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.Б.(46) од Република Албанија затоа што при гранична контрола и проверка во оперативната евиденција е констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол Албанија. Тој е предаден на полициски службеници во ОВР Струга за понатамошна постапка.

На 02.06.2025 во 10.30  часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Волково, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.К.(30) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од О.Г.(50) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 02.06.2025 во 16.38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул„Тодор Александров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(53) од Скопје и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К.(77) од Скопје. Во несреќата со повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје.
       
На 02.06.2025 околу 21.10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Трајко Прокопиев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат ибица“, управувано од Ф.Т.(23) од Куманово, патничко возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(25) од Куманово и мотоцикл „хонда“, управуван од П.Н.(37) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди се здобиле Ф.Т. и Е.С., констатирани во болницата во Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.

На 02.06.2025 во 18.15 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Боге Белјаноски“ во Гостивар, патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(66) од с.Чегране, гостиварско, удрило во 9-годишно дете од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во болницата во Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

На 02.06.2025 во 13.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „7 Ноември“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „томос“ со охридски регистарски ознаки, управуван од А.И.(19) од Охрид и мопед „педа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од В.С.(65) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.С., а со телесни повреди се здобил Е.И.(20) од Охрид, сопатник на мопедот „томос“, констатирани во Општа болница во Охрид. Увид на местото изврши екипа од СВР Охрид.

На 02.06.2025 во 11.14 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ Скопје било пријавено дека кај нив бил донесен 17-годишник од Скопје, кој во продажно место на подрачјето на Карпош, по претходно нарушен јавен ред и мир помеѓу две групи на ученици од две различни Средни училишта, му била нанесена повреда со остар предмет. За настанот се известени полициски службеници од малолетничка деликвенција и Единицата за насилен криминал при СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.06.2025 во 11.14 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ Скопје е пријавено дека кај нив со убодна рана  е донесен 17 – годишен ученик во СДУ „Ѓорги Димитров”. Според пријавеното, тој се здобил со убодната рана  во угостителски објект на територија на Карпош, каде дошло бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи на ученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.06.2025 во 14.20 часот во СВР Струмица, 62-годишен маж од струмичко пријавил дека на 01.06.2025 бил физички нападнат од неговата сопруга В.Т., која употребила и тврд предмет. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.06.2025 во 15.20 часот во Полициското одделение Ново Село, М.Ј.(58) од с.Мокрино, струмичко, пријавил дека околу 14.30 часот во с.Ново Коњарево, струмичко, бил физички нападнат од К.З. од с.Ново Коњарево, која употребила и стаклен предмет. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.06.2025 во 13.00 часот во СВР Скопје, А.К.(39) од Скопје пријави дека околу 07.30 часот на подрачјето на Шуто Оризари, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од И.Б. од с.Сингелиќ, скопско и уште четири лица, кои употребиле дрвени и метални предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.06.2025 во 16.00 часот  во СВР Скопје, Д.С.(27) од Скопје пријави дека на 01.06.2025 околу 21.00 часот во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од А.Ѓ., кој го познавал, и уште од неколку лица, од кои едниот употребил остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.06.2025 во 15.45 часот во СВР Скопје, инспектор од Град Скопје пријавил дека околу 15.30 часот пред објект на подрачјето на Бит Пазар, од товано возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки бил истурен отпад. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.06.2025 во 13.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Горно Оризари, скопско, настанал пожар во патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.М.(29) од с.Горно Оризари. Од пожарот биле зафатени и патничко возило „фиат мултипла“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.Г.(33) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Ѓ.(68) од Скопје. повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.  

На 02.06.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, 40-годишна жена од Скопје пријавила дека на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот сопруг А.М.(41) од Скопје. По документрање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.06.2025 во 10.00 часот во Скопје, Н.М.(49) од Скопје пријавила дека во периодот од 24.01.2025 до 31.05.2025 со употреба на физичка сила и погоден алат била одземена биста од гробно место на нејзиниот дедо на Градските гробишта Бутел во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.06.2025 во 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 43-годишната Л.Љ. од населба Илинден, скопско и Ф.Р.(22) од село Радуша, скопско, од една страна и Ѓ.С.(37) од с.Стајковци, скопско, од друга страна. По документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.