Охрид ноќеска преплавен со летоци против „сеалбанската платформа“

Сподели

Охрид ноќеска беше преплавен со пропагадни летоци од четири странички, со пораката „Не се согласуваш? Активирај се!“ Летокот е вметнуван во поштенските сандачиња во станбените згради, по домови, возила…

На првата, насловна страница од летокот, стои текстот „Сеалбанска платформа, Тирана, 07.01.2017“.

На внатрешните две страници, испишани се осум точки од платформата, со голема фотографија на албанскиот премиер Еди Рама, зад кого има карта на Голема Албанија. Има уште две фотографии, едната на Рама и на Али Ахмети и втората – четворицата лидери на партиите на Албанците од Македонија со премиерот Рама и со министерот за надворешни работи на Албанија, Фатмир Бушати.

На последната, задна страница е отпечатен портрет на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, зад чиј грб стои картата на Голема Албанија, со двоглав орел, заедно со текстот „Ние не бегаме од платформата, имаме позитивен аспект кон неа – Зоран Заев“.

meta.mk