Вести Македонија Ударни вести

Охридскиот Кризен штаб бара забрана за влез во градот за Велигденските празници за жители од други градови

Сподели:

 

Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција и справување со корона вирусот, побара од Кризниот штаб на владата да ја разгледа можноста за воведување на забрана за влез на жители од други општини во Општина Охрид и да се зголеми контролата на жителите од Општина Охрид при влез и излез од градот.

Охридскиот кризен штаб бара да се разгледа можноста за ваква мерка која сметаат дека е неопходна непосредно пред Велигденските празници, со цел да се намали, односно да се оневозможи посетата на градот за туристички, верски и рекреативни цели.

„Барањето се заснова и на фактот што во Охрид и околните крајбрежни населби има голем број на викенд станови и куќи чии сопственици во периодот на Велигденските и првомајските празници, ги користат за одмор и викенд престој. Врз основа на најавите за поволните временски услови кои се очекуваат во текот на наредните две седмици, оваа мерка е навистина неопходна. Оваа мерка значително ќе придонесе и за намалување на ширењето на вирусот и заштита на граѓаните на Охрид и од аспект на оневозможување редовна комуникација и фрекфенција на граѓаните од територијата на општина Струга и селата од струшкиот регион каде што бројот на заболени од Ковид-19 секојдневно расте“, посочи градоначалникот Георгиески.

На оваа мерка реагираше д-р Жарко Караџоски, која ја опиша како неоснована и притоа додаде:

“Барањето на Кризниот штаб на Општина Охрид, да се воспостави некаква забрана за влез на лица кои таму имаат викендици и викенд станови, е нехуманo, некоректно и епидемиолошки неиздржано.”

Сподели: