ОЈО ќе истражува за набавката на софтверот во ДИК

Сподели

 

Во просториите на Државната изборна комисија денеска по допрен глас влезе Основното јавно обвинителство за организиран криминал, да утврди дали има кривично дело при спроведувањето на тендерот за набавка на софтверот на оваа институција.

При извршениот претрес одземена е тендерската документација, со која треба да се утврди дали се почитувани законските постапки при изборот на фирмата која ја изработила апликацијата за следење на изборните резултати.

На 15 јули ДИК не беше во можност електронски да ги соопшти резултатите од гласањето на предвремените парламентарни избори, поради хакерски упад на нивната веб страна. Нефункционирањето на сајтот за објавување на резултатите траеше и во текот на наредните денови.

Граѓаните и медиумите преку изработената апликација за следење на изборните резултати требаше во живо да го следат пребројувањето на гласовите и податоците, која партија колку гласови добила. Од фирмата-изработувач „Дуна“ тврдат дека апликацијата нормално функционирала, а неможноста да се следат изборните резултати била поради хакерскиот напад извршен врз сајтот на ДИК.

Во однос пак на хакерскиот напад, од МВР велат дека истрагата се уште трае. Во меѓувреме, Дерковски до  генералниот секретар на ДИК поднел иницијатива да се отвори дисциплинска постапка за одговорност на раководителот на ИТ секторот за настаната ситуација со хакерскиот напад на сајтот. На изборниот ден страницата на Комисијата не работеше и граѓаните не можеа да ги гледаат изборните резултати.