ОЈО поднесе обвинение за демнење и закани

Сподели

 

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за две кривични дела – Демнење од член 144-а од Кривичниот законик, додека уште едно лице се гони за помагање при извршување на наведеното кривично дело.

Обвинетиот, во периодот од 26 февруари до 9 мај, повторено неовластено прогонувал, се мешал во личниот живот и настојувал да воспостави несакан контакт со двајца сопружници. Во критичниот период тој ги вознемирувал мажот и жената со повици, СМС пораки и пораки на телефонски апликации, ги фотографирал неовластено и им се заканувал дека ќе објави податоци за нив.

Откако го пријавиле, вториот обвинет му помогнал така што му ветил дека тој лично ќе влијае да не биде процесуирана кривичната пријава против првообвинетиот. Дополнително, против помагачот Основното јавно обвинителство Скопје веќе поднесе  обвинение и за кривично дело – Лажно претставување, бидејќи со цел да покаже влијание и моќ пред лицето пријавено за демнење, му се претставувал како полициски службеник, а во пораки споменувал имиња на полициски службеници и јавни обвинители, информираат од ОЈО.