Оливер Спасовски: Вељаноски на најгруб начин ја узурпира позицијата претседавач

Сподели

„Парламентарното мнозинство побара да се стави на гласање преминувањето на наредната точка на дневен ред за да се одблокира Собранието и да се избере претседател“, рече пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски, на прес-конференција во Собранието.

– Наместо тоа, Трајко Вељаноски на најгруб начин покажа како се узурпира позицијата претседавач и како се крши деловникот. Премногу време помина во непродуктивна дебата. Лошо е тоа што многу решенија што треба да бидат дебатирани, а се однесуваат на граѓаните, не можат да бидат донесени поради оваа блокада. Сметам дека треба да преовладува здравиот разум и да се однесуваат одговорно. Ќе продолжиме да бараме собраниски спикер врз основа на деловникот – рече Спасовски.iv

Според него, дестабилизација на Македонија во изминатите 10 години прави ВМРО-ДПМНЕ и затоа е неблагодарно тие да кажуваат дека некој прави дестабилизација.

– Ако зборуваме за сценарија, подобар сценарист од Трајко Велјаноски нема и тоа е докажано со пресудата од Стразбур за кршење на човекови права врз вас, новинарите. На Македонија не ѝ е потребно да им биде заложник на еден-двајца или, ако сакате, на една политичка партија – вели Спасовски.

Спасовски додаде дека инсистира како пратеник неговиот предлог да биде ставен на гласање затоа што, како што кажа, тоа е пропишано со деловникот.