ОН ја повика Велика Британија да ја спречи ксенофобијата по референдумот

Сподели

Различните извештаи, од социјалните медиуми или од весниците од петокот наваму, покажаа зголемување на случаите на непријателство кон имигрантите во Велика Британија

thumbs_b_c_3c8f8631268425d64dca54bf3fba4bdf

ЖЕНЕВА (АА) – Обединетите нации денес ги повикаа британските власти да делуваат со цел спречување на последните ксенофобични напади по историскиот референдум за напуштање на Европската унија, јавува Anadolu Agency.

„Длабоко сум загрижен поради извештаите за напад и лошо постапување кон таргетирани малцински заедници и странски државјани во Велика Британија во текот на последните неколку дена. Расизмот и ксенофобијата се тотално неприфатливи во било какви околности”, истакна високиот комесар на ОН за човекови права, Зеид Ра’ад ал-Хусеин, во своето соопштение.

„Апелирам до властите на Обединетото Кралство да делуваат за спречување на овие ксенофобични напади а сите оние осомничени за расистички и напади насочени кон странци како и поради нивното лошо постапување, да се гонат”, додаде тој.

Граѓаните на Велика Британија гласаа да ја напуштат ЕУ во историски референдум во четвртокот минатата недела, на којшто што речиси 52 отсто од гласачите го отфрлија 43-годишното членство на нивната земја во ЕУ.

Различните извештаи, од социјалните медиуми или од весниците од петокот наваму, покажаа зголемување на случаите на непријателство кон имигрантите во Велика Британија.