Општина Чаир: ДУИ шири дезинформации

Сподели:

Денес јасно се потврди дека еден политички субјект, односно ДУИ, се обидува да ја манипулира јавноста со неточни информации за Плоштадот „Скендербег“ и територијата на Општина Чаир информираат од општината.

Објавените снимки од страна на наведениот субјект не се однесуваат ниту на овој плоштад, ниту на територијата на Општина Чаир, туку на друг сегмент во зоната на поранешниот „Мост“, кој е надвор од надлежностите на Општина Чаир. Ова е јасен показател дека некои не ги познаваат ниту основните граници на Чаир.

Во приложеното видео јасно може да се види територијалната поделба: што припаѓа на Општина Чаир, а што на Општина Центар.

https://www.swisstransfer.com/d/256ca545-de02-49a5-9ec0-9f3e92a72432

Намерното дезинформирање и обидите за префрлање на одговорноста се неприфатливи, информираат од Општина Чаир.

Сподели: