Општина Гостивар доделува 6.000 денари за секое новородено дете

Сподели:

Со 20 гласа „за“, денес Советот на Општина Гостивар го усвои Предлогот за доделување 6.000 денари за новороденчињата во Гостивар.

Оваа одлука на Советот на Општина Гостивар е по предлог на градоначалникот Валбон Лимани, кој лично ја предложи на последната седница на Советот, а ја најави неколку дена порано.

Оваа финансиска поддршка за семејствата со новороденчиња може да ги олесни почетните трошоци и ја покажува посветеноста на општината кон социјалната политика и семејствата.

Сподели: