Општина Карпош со нови 400 растенија ќе го збогати зеленилото

Сподели

 

Околу трговскиот центар „Лептокарија“, во Карпош 3, Општина Карпош започнува со засадување на ново зеленило.

 

Во тек е садење нови украсни растенија од типот: Cupressus, Ilex, Buxsus, Juniperus, Lavanda и Acer.

 

 

Со нови 400 растенија ќе се збогати предниот, средишниот и задниот дел на „Лептокарија“.

 

 

Во изминатиов период се зголеми и зеленилото во Криви Дол, околу инклузивното игралиште во Влае 2 и Порта Влае.

 

 

Општината ги повикува сите граѓани и субјекти да водат сметка за заштита на животната средина.