Општина Карпош: Зарана за користење на детски игралишта и собирање во групи

Сподели

 

Општина Карпош ги затвора сите детски игралишта, кои се заградени и кај кои постои можност да се заклучат. Целта е да не се собираат групи на деца и родители, а како резултат на спречување на ширење на Covid – 19  (коронавирус).

На територија на Карпош постојат и повеќе игралишта, фитнес зони кои се отворени. Ги повикуваме сите граѓани да не се собираат и да не ги користат овие рекреативни зони.

Имено, од вчера целосно се забранува собирање во група на повеќе од пет лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини. За оваа цел, се интензивираат и контролите на Министерството за внатрешни работи и Армијата на Република Северна Македонија. Станува збор за одлука од 23 – та седница на Владата – соопштуваат од Општина Карпош.

Повторно повикуваме на целосно почитување на препораките за заштита од коронавирус.