Општина Куманово објави листа на огласени решенија за комунална такса 2026 година

Сподели:

Општина Куманово ги повикува обврзниците на комунална такса за истакната фирма/назив на деловна просторија, да се јават во Одделение за утврдување и наплата на данок на имот, наплата на даноци, такси и други надоместоци при Сектор
за даноци и такси Општина Куманово, за да го подигнат Решението за комунална такса за истакната фирма/назив на деловна просторија за 2026 година во рок од 10 дена од денот на објавување на оваа објава.

Списокот со недоставени решенија е објавен на огласната табла во просториите на Општина Куманово, како и на официјалната веб страна https://kumanovo.gov.mk/

Јавната објава ќе се изврши во службено гласило на Општина Куманово и во дневниот весник “Нова Македонија” и “Lajm”.

Со оваа објава се предупредуваат даночните обврзници, дека ваквиот начин на доставување се смета за уредна достава и дека негативните последици кои можат да настанат/произлезат со неподигнувањето на решенијата ќе ги сносат самите даночни обврзници, информираат од Град Куманово.

Листа на фирми за данок на имот на следниот линк

Сподели: