Вести Македонија Ударни вести

Oпштина Центар: Дозволите за доставување на храна/лекови за време на полициски час важат и викендов

Сподели:

 

Врз основа на новите одлуки и мерки од Владата, Општина Центар ги известува сите економски оператори кои вршат достава на храна/лекови, а кои веќе имаат добиено известување за вршење на дејност за време на полицискиот час, истите и понатаму ќе имаат важност.

Во текот на претстојниот викенд од 1 до 3 мај, мерките ќе важат по 14:00 часот и во текот на работната недела по 19:00 часот.

Сите економски оператори кои досега немаат поднесено барање за вршење дејност, истото можат да го направат со испраќање на пополнета пријава на info@centar.gov.mk.

Сподели: