Вести Македонија Ударни вести

Општина Центар ја заврши реконструкцијата на „Адвокатска улица“

Сподели:

 

Општина Центар заврши со реконструкцијата на „Улица 2“, „Станбена 3“ и „Пешачка улица 102а“, кои заедно ја сочинуваат таканаречената „Адвокатска улица“.

Стариот и дотраен асфалт на коловозот се заменува со нов, висококвалитетен, на вкупна површина од 1270 метри квадратни. Изведени се нови рабници од двете страни на тротоарите, поставен е долен строј на улицата и изведена е нова атмосферска и водоводна канализација.

 

 

Покрај „Адвокатската улица“, досега Општина Центар ги реконструираше улиците „Козара“, „Шарски одреди“, „Новопроектирана 2“, улицата „Дебарца“, „Црвена Вода“, „Ј. Х.Џинот“, „Ристо Шишков“, „Петар Поп Арсов“, „Рајко Жинзифов“, крак од улицата „Партизанска“, „Антон Панов“ и „Никола Тримпаре“.

Наредни за реконструкција според програмата за работа на Општина Центар се улиците „Ленинова“ (делот од бул. „Партизански Одреди“ до ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“), „Алберт Ајнштајн“, „Андон Дуков“ и „Донбас“.

Сподели: