Вести Македонија Ударни вести

Османи: Постоењето на „ѕид на раздвојување“ на луѓето е неодржливо и спротивно на основните принципи на ОБСЕ

Сподели:

 

 

„Луѓето овде немаат можност да ги посетат своите роднини и пријатели, да го користат земјоделското земјиште, тие се лишени од можноста да ги посетуваат верските објекти. Ваквата состојба е неодржлива и спротивна на основните принципи на ОБСЕ и на цивилизациските идеали“, рече Османи.

Османи повика на  што побрзо отворање на премините, особено во пресрет на Велигденските празници.

„Потребно е луѓето повторно да ја добијат нивната слобода на движење како основно човеково право, а Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ ќе ги вложи сите напори за да им помогне на директно загрозените од конфликтот“, потенцираше Османи.

Посетата на Одзиси, Османи ја оствари во придружба на Мониторинг мисијата на ЕУ. Тој им се заблагодари за нивната работа на терен во изминатите 15 години заедно со претставниците на ОБСЕ, особено во превенирањето на нови тензии и олеснување на враќањето во безбеден и нормален живот.

Од Одзиси, Османи се упати кон Тсеровани, каде што се наоѓа заедница на внатрешно раселени лица по конфликтот од 2008 година. Османи имаше можност непосредно да ги слушне нивните приказни и да понуди поддршка за подобрување на нивниот секојдневен живот.

„Ве уверувам дека јас како Претседавач со ОБСЕ заедно со нашите партнери ќе направиме сè што е во нашата моќ за да ја подобриме состојбата на сите раселени и маргинализирани лица како и на семејствата на исчезнатите“, рече Претседавачот Османи.

Инаку, Тсеровани се наоѓа недалеку од Тбилиси и претставува една од најголемите населби формирани од страна на грузиските власти за згрижување на внатрешно раселените лица кои биле принудени да ги напуштат своите домови по конфликтот во 2008.

Сподели: