“Прво треба да видиме предлог усогласен од сите земји-членки и да дадеме одговор на нашата позиција на таквите предлози. Ние сме и во внатрешна координација”, одговори министерот за надворешни работи Бујар Османи на новинарско прашање дали е запознаен со францускиот предлог за кревање на ветото од Бугарија за пчеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.