Осомничените од „ТНТ“ денеска на распит

Сподели

Осомничените во предметот „ТНТ“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство, денеска треба да бидат сослушани пред судија на претходна постапка во врска со мерките за обезбедување на присуство.

Нивниот распит минатата недела беше одложен на барање на одбраната која побара дополнително време за увид во доказите.

За сите четворица осомничени СЈО побара да се применат мерки за обезбедување на присуство, односно привремено одземање патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и обврска на осомничениот да се јавува повремено кај определено службено лице или кај надлежен државен орган.

222

Пред еден месец СЈО за случајот „ТНТ“ објави дека Никола Груевски, како претседател на Владата, и Миле Јанакиески, како министер за транспорт и врски, го поттикнале градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, да најде начин и незаконски да го урне објектот „Космос“. Нарачките, според СЈО, ги спровела токму инспекторката. Но, освен Најдовска, овие функционери беа аболирани од претседателот Ѓорге Иванов и засега не се осомничени и немаат кривична одговорност.