Отворена недела на Државниот Архив – средношколците први посетители

Сподели

 

Државниот архив ги отвори вратите за сите граѓани од 23 до 27 декември.

Сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност да се запознаат со архивските материјали проследени со стручен коментар од вработените од архивот.

 

 

Средношколците од СУГС Гимназија Јосип Броз Тито од Скопје беа први посетители на Државниот архив. Средношколците од СУГС Гимназија Јосип Броз Тито од Скопје први посетители на Државниот архив. Тие имаа можност одблизу да се запознаат со работата и дејноста на архивот, но и да погледнат некои архивски документи и фотографии со стручно објаснување од вработените во институцијата.

 

 

По вчерашната информативно-едукативна посета на Државниот архив од страна на ученици од скопската гимназија ,,Јосип Броз-Тито”, денеска тоа го направија и учениците од гимназијата ,,Раде Јовчевски-Корчагин”. Тие за време на двочасовниот престој во Државниот архив, од страна на стручните лица беа запознати со улогата и функционирањето на оваа наша значајна институција.

Притоа се воспостави и корисен дијалог со учениците за нашата подалечни и понова историја, изјавија од Државниот архив.

 

Отворената недела на Државниот архив за граѓаните продолжува до крајот на оваа работна недела од 11 до 13 часот.