Панчевски повторно не се појави во судница

Сподели

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, и денеска не се појави во Граѓанскиот суд на рочиштето од судскиот процес што се води против него за мобинг, а по тужба од Горан Стаменковски, вработен во одделението за човечки ресурси на Кривичниот суд.

Пет адвокати денска во судница го бранеа екс претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски од некогашниот близок соработник, Горан Стаменковски. Поранешниот прв човек на Скопска единица е тужен за мобинг. Неговите адвокати бараа усно да одговорат на тужбата. Судот не им дозволи. Даде рок од 15 дена на писмено да подготват одговор. За одбраната, доказите на Стаменковски не укажувале дека имало мобинг од Панчевски.

По ова судот го одложи рочиштето и следното го закажа за 24 февруари.