Вести Македонија

Партија за Движење на Турците: Остануваме со опозицијата-сметаме дека слободата, демократијата и еднаквоста немаат цена

Сподели:

Соопштение на Партијата за Движење на Турците во Македонија – ТХП:

partijza za dvizenje na turcite thp

Владеачката коалиција која го осеќа тешкиот пораз на 11-ти декември преку своите медиумски шарлатани продолжува да креира спинови.

Имено, денес повеќе провладини медиуми известуваат дека Турците го напуштиле опозицискиот фронт, мислејќи на една сосема небитна политичка партија-човек; која денес се приклучи на криминалната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ.

 Партијата за Движење на Турците (ТХП) и понатаму останува во опозиционата коалиција, која на предвремените парламентарни избори на 11-ти декември ќе го порази овој фашистички режим и ќе ја врати демократијата, слободата и еднаквоста за сите граѓани.

Деновите на режимот се избројани, а во овие тешки мигови се откриваат вистинските лица на сите кои фигурираат на македонската политичка сцена.

Како Партија за Движење на Турците (ТХП), сметаме дека слободата, демократијата и еднаквоста немаат цена, затоа ќе ја продолжиме несебичната борба за враќање на сите овие вредности.

Граѓаните од турската етничка заедница нека бидат храбри и спокојни, по 11-ти декември сонцето ќе сјае посветло!

Сподели: