Патничката од Милано која беше вечерва тестирана нема корона вирус

Сподели

 

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се изврши тестирање на корона вирус кај патничка која пристигнала со вчерашниот попладневен лет од Милано во Скопје.

Резултатите на пациентката која вечерва беше тестирана на корона вирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни.

Ја следиме ситуацијата, постапуваме согласно протоколите на СЗО и продолжуваме редовно да ја информираме јавноста- информираа од Министерството за здравство.