Вести Македонија Ударни вести

Пендаровски: Плодна соработка меѓу Северна Македонија и мисијата на УНДП

Сподели:

 

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими постојаната претставничка на програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Нарине Сахакјан.

На средбата, претставничката на УНДП го информираше претседателот Пендаровски за актуелните проекти како и за идните приоритетни активности на организацијата во Република Северна Македонија.

Двајцата соговорници изразија задоволство од воспоставената плодна соработка меѓу Северна Македонија и мисијата на УНДП изразена низ голем број успешно реализирани проекти и иницијативи, коишто непосредно влијаат врз подобрувањето на целокупниот квалитет на живот на граѓаните на државата.

Претседателот Пендаровски ја нагласи исклучително важната улога на мисијата во остварувањето на нашите развојни цели, како и нивниот директен и несебичен ангажман на нашиот реформски пат во остварувањето на нашите стратешки приоритети, членството во ЕУ и НАТО.

Во тој контекст Претседателот ја потенцираше и неопходноста од понатамошна максимална вклученост и активна соработка со УНДП од страна на сите институции и граѓански организации на локално и централно ниво.

Сподели: