Пендаровски со сочувство до семејството на загинатите деца во Романовце

Сподели

 

“Сочувство за семејството и блиските за несреќата во кумановското село Романовце во која животот го изгубија три деца, а уште шест лица се повредени. Загубата е ненадоместлива, се надевам повредените, на кои во моментов им се пружа медицинска помош, ќе бидат добро” – напиша на својот фб профил, претседателот Стево Пендаровски и изрази сочувство до семејството кое загуби три деца во експлозијата која се случи денеска во Романовце.