Пет години од масакрот кај Смилковското езеро

Сподели

Денеска се навршуваат пет години од масакрот кај Смилковското езеро што се случи на Велики четврток во 2012 година. За петкратното убиство осудени се шестмина на доживотна казна затвор. Двајца од осудените, кои се осомничени дека се директни извршители на убиствата, се на Косово и се уште не се екстрадирани.

Убиените беа четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и четириесет и петгодишниот рибар Борче Стевковски од селото Црешево.