Вести Македонија Ударни вести

Петиција за укинување на новиот услов за запишување на семестар на Филозофски факултет

Сподели:

 

Онлајн петиција за укинување на задолжителната уплата на 100 денари за активностите на Факултетското студентско собрание, која е услов за запишување на новиот семестар на Филозофскиот факултет, ја започнаа студентите на Филозовскиот факултет при УКИМ.

„Наместо со формирање на Факултетското студентско собрание како тело на претставници на студентите кое се залага за правата на студентите, ние како студенти добивме само дополнителен трошок за упис на семестар“, стои во петицијата.

Во неа се објаснува дека во Законот стои дека работата на Факултетското студентско собрание се финансира со средства на факултетот, но не стои дека финансирањето на Факултетското студентско собрание ќе биде на грбот на студентите.Револтирани се и бидејќи овој услов важи само за студентите на Филозофскиот факултет.

“Целта на оваа петиција е да се укине задолжителната уплата на 100 денари за активностите на Факултетското студентско собрание.  Наместо со формирање на Факултетското студентско собрание како тело на претставници на студентите кое се залага за правата на студентите, ние како студенти добивме само дополнителен трошок за упис на семестар.

Во новиот закон за високо образование стои дека „работата на факултетското студентско собрание се финансира со средства на факултетот во рамките на кој делува студентското собрание.“ Односно никаде не стои дека финансирањето на Факултетското студентско собрание ќе биде на грбот на студентите.

Дополнително, овој услов важи само за студентите на Филозофскиот факултет. Ваква задолжителна уплата за Факултетско студентско собрание не се сретнува на ниеден друг факултет во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Горенаведените работи, нѐ мотивираа  како студенти на Филозофскиот факултет и директно засегната страна да ја започнеме оваа петиција. Веруваме дека ова можеме да го решиме на мирен начин и не сакаме да дојде до појава на нови дополнителни трошоци за студирање – нешто што не оди во прилог на ниеден студент. Можеби 100 денари не изгледаат како голема сума, но ако се земе предвид дека на Филозофски факултет има повеќе од 2000 студенти, тогаш станува збор за илјадници денари кои излегуваат од џебот на студентите. Затоа ја бараме вашата поддршка за заедно да се обединиме и собереме доволно потписи за да го укинеме овој нов услов за запишување на семестар.

Од студенти за студенти”- се наведува во петицијата.

 

Сподели: