Петре Шилегов: Министри од ВМРО-ДПМНЕ имаат двојно повеќе анкетни листови, па и различни!

Сподели

„Овие анкетни листови за имотната состојба на само 4-ца функционери од ВМРО-ДПМНЕ само по себе говори во каков апсурд криминалната власт го доведе функционирањето на државата и на институциите. И зошто премиерот и министрите од ВМРО-ДПМНЕ кои станаа пратеници треба кривично да одговараат“, изјави денеска Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ.

„Емил Димитриев поднел два анкетни листа, еден како премиер, друг како пратеник. Канческа Милевска исто, во еден анкетен лист е министерка, во друг анкетен лист е пратеничка. Тие внимавале пријавената имотна состојба да им се совпаѓа во двата поднесени документа. Најневнимателен бил Никола Поповски. Тој не само што поднел два анкетни листа, и како министер и како пратеник, туку не му се совпаѓа ни вредноста на пријавениот имот“, смета Шилегов.