Единица на артилерискиот баталјон на Армијата вечер во 19 часот во касарната ,,Илинден” во Скопје ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија. Два часа претходно, во периодот од 17 до 18 часот ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со по еден истрел од шест артилериски орудија.