Почина актерот Митко Апостоловски

Сподели

 

На 67 годишна возраст во Битола почина познатиот актер Митко Апостоловски, доајенот на битолското и македонското глумиште, театарски, филмски и телевизиски глумец.

Неговиот колега Петар Горко преку социјалната мрежа Фејсбук се прости од него.

– Почивај во мир, колега, пријателе, прекрасен човеку. Неизмерна загуба чувствувам. Нека ти е вечен споменот, напиша Горко.

Митко Апостоловски е роден во Битола на 7 март 1955. Дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје (Отсек за драмски глумци). Работел во Народниот театар во Битола (1973 — 1974) и во Народниот театар во Куманово (1980 — 1995).

Тој глумеше во повеќе македонските филмови меѓу кои и во „Големата вода“, „Јас сум од Титов Велес“, „Трето полувреме“, „Умри машки“, „До балчак“, „Последниот Македонец“, „Лазар“ и други.