По кратко и тешко боледување на 74 годишна возраст, почина актерот Славко Нинов. Целиот работен век го помина во МНТ, несебично вложувајќи се и на сцената и во раководењето на театарот. Незаборавни се неговите креации во претставите на режисерот Бранко Ставрев, а Нинов ќе остане запаметен и по извонредните интерпретации на стихови од македонските поети: Петре М. Андреевски, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Кочо Рацин, Крсте Петков Мисирков и др. Погребот на Славко Нинов ќе се одржи утре во 13 часот на гробиштата во Бутел, соопштија од МНТ.
Поврзани Вести
Северна Македонија денеска на агендата на министрите за надворешни на ЕУ
Република Северна Македонија денеска ќе биде на дневниот ред на состанокот на министерите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, пренесува дописничката на МИА од Брисел. По добиеното формалното известување од Скопје за употребата на новото име, Советот за надворешни работи на ЕУ денеска ќе нотира дека земјата го променила своето име во Република Северна Македонија. […]
МНР: Нашите државјани затекнати од невремето во Грција се безбедно и во добра состојба
Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Атина и Генералниот конзул во Солун, е во постојана комуникација со нашите државјани кои се најдоа затекнати во погодените места од невремето во Грција, односно во регионот Агиос Иоанис, на источната страна на Пелион во Магнезија, југоисточна Тесалија. Се работи за 15 наши државјани, сите на безбедно […]
Регионални инспектори ќе уриваат дивоградби (ВИДЕО)
Инспекциските служби се борат со прекршителите на законите со далеку помал број вработени од предвидените со систематизацијата. Има инспекторати со пополнетост која е под 50 отсто од предвидената бројка. Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска – Грашкоска во интервјуто за #ResPublica најавува промени во Законот за инспекциски надзор, особено во справувањето со дивоградбите.