Вести Македонија

Почина Џеваир, детето кого го искасаа кучиња

Сподели:

Четири годишниот Џеваир Усеини, кој беше искасан од кучиња во петокот, денеска околу 13 часот им подлегнал на повредите и починал на универзитетската клиника КАРИЛ во Скопје.

klinicki centar drzavna bolnica

 

Малиот Џеваир беше нападнат од кучиња во селото Бачишта, Кичево. Детето беше на апарати за дишење три дена, во критична и животозагрозувачка состојба. На скопските клиники било примено во тежок хеморагичен шок. Било распарчено од кучињата, со искинат стомак, имало тешки повреди и скршеници на черепот и градниот кош. Операцијата траела повеќе од 4 часа и лекарите морале да ги извадат едниот бубрег и слезинката.

Пред три дена детето беше нападнато од група кучиња кога сакало преку нива да отиде со соседната куќа каде бил неговиот татко.

Од МВР информираат дека ќе биде направена обдукција.

Сподели: