Почина Ферус Мустафов – кралот на ромската музика

Сподели

 

По кусо боледување ноќеска почина музичарот Ферус Мустафов, познат како кралот на ромската музика.

Мустафов е роден во Штип во ромско семејство на музичари. Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет.

Мустафов ќе биде погребан во Штип, каде е роден и каде последните години живеел со семејството.