Утрово на 60 годишна возраст почина политичкиот аналитичар и поранешен амбасадор на Македонија во организацијата ОБСЕ во Виена, Арсим Зеколи. Веста, на социјалните мреж ја објави неговиот брат, д-р Шефкет Зеколи.
„Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денес, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, ненадејно почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи (1966–2026) “ стои во објавата.
Погребот ќе биде денеска во скопското село Блаце.
Зеколи беше поранешен амбасадор на Македонија при ОБСЕ во Виена. По дипломатската служба, Зеколи остана активно присутен во јавноста како аналитичар.
Од него се опрости и потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи Бујар Османи.
„Со тага ја примив веста за смртта на амбасадорот Арсим Зеколи. Арсим беше исклучително образован и начитан човек, со свое мислење кое не се двоумеше да го каже, без разлика дали тоа некому му се допаѓаше или не. Сочувство до семејството и најблиските“, напиша Османи на социјалните мрежи.


