Вести Македонија Ударни вести

Почина уште еден повреден во несреќата кај Ласкарци

Уште еден повреден во автобуската несреќа кај селото Ласкарци им подлегнал на повредите. Тој е 15-та жртва од оваа сообраќајка.

Станува збор за маж на 39 годишна возраст кој починал утрово околу 5 часот на Клиниката за реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) во Клиничкиот центар во Скопје.

– Патникот при несреќата се здобил со тешки повреди на градниот кош и белите дробови и веднаш е пренесен во Болницата „8-ми Септември“. Но, поради сериозноста на повредите уште ноќта бил префрлен КАРИЛ. Врз повредениот биле извршени две операции истата вечер откако бил донесен на КАРИЛ поради големо крварење од белите дробови. За жал поради сериозноста на повредите, утринава починал – соопштија од Министерството за здравство.

Во страшната сообраќајка попладнето на 13 февруари, истата вечер починаа 14 лица, а беа повредени 39.

Страотната несреќа се случи на автопатот Скопје-Тетово кога автобус на „Дурмо Турс“ излета од патот, се преврте на стариот пат и падна во нива кај скопско Ласкарци.

Сподели: