Почнува судењето на Стојанче Јовановски за семејно насилство

Сподели:

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска почнува судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за три кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45, односно телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и кривично дело Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик.

Стојанче Јовановски е сопруг на Ивана Јовановска која на 2 март се самоуби заедно со нејзината 6-годишна ќерка. Тој во повеќе наврати и во континуитет физички и психички ја малтретирал, постојано ја навредувал, тепал, понижувал и и нанесувал видливи повреди по целото тело.

Судењето ќе го води судијата Ивица Стефановски познат во јавноста по судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежев.

Сподели: