Вести Македонија Ударни вести

Почнува „ВИНТЕРЛЕНД 2020“- Елката на плоштадот ќе светне во петок

 

Новогодишниот базар „Винтерленд 2020“ со работа ќе почне во петок, на 6. декември со осветлување на Новогодишната елка на плоштадот „Македонија“. Новогодишните куќички на „Винтерленд“ годинава ќе бидат сместени на новиот плочник меѓу ГТЦ и плоштадот, а новогодишната програма ќе трае 25 дена – од отворањето на базарот, па се до 31 декември, до дочекот на Новата 2020 година.

 

 

“Очекувам во Скопје да се создаде вистинска предновогодишна атмосфера, каква што не сме имале досега. Минатата година „Винтерленд“ побуди голем интерес кај нашите сограѓани, а јас сум убеден дека годинава ќе биде посебна на свој начин и ќе привлече уште повеќе посетители. Не очекуваат многу музички изненадувања од земјава и од регионот, кои треба да ги задоволат сите вкусови и да гарантираат добра забава. Затоа, ги поканувам граѓаните да го посетат „Винтерленд 2020“ со своите најблиски, да уживаат во празничниот амбиент и да ја почувствуваат новогодишната магија – рече градоначалникот Шилегов на денешната прес-конференција на која ги претстави содржините на новогодишниот базар.

Во близина на куќичките во „Винтерленд“ ќе биде сместена мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста. На овој простор се предвидени и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер.

Во работните денови секој ден ќе има 2 часа детска програма која ќе почнува околу 16 часот, а подоцна ќе има 3 часа програма за возрасни. За време на викендите е планирана целодневна програма која ќе почнува точно напладне” – изјави градоначалникот Шилегов.

Сподели: