Вести Македонија

Поддршка за активностите на Државниот архив

Сподели:

 

Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи се состана со директорот на Држаниот архив, д-р Емил Крстески.
 
 
 
 
На средбата беше разговарано за актуелните активности на Државниот архив на домашен и меѓународен план, како и за забрзувањето на процесот на дигитализацијата на архивската граѓа, посебно на онаа што се презема од Архивот на Југославија во Белград, за што потпретседателот, Фатмир Битиќи изрази отворена и недвосмислена поддршка.
 
 
 
 
Во разговорот на средбата во Владата присуствуваше и државниот советник, м-р Сашо Јанкуловски.
Сподели: