Поетско читање по повод Светскиот ден на поезијата

Сподели

 

НУМ „Струшки вечери на поезијата“, Македонскиот ПЕН-центар, Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) и  Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска во просториите на Универзитетската библиотека заеднички ќе ја одбележат 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов, како и Светскиот ден на поезијата – 21 Март.

Во рамките на програмата ќе бидат прочитани поетските посланија по повод Светскиот ден на поезијата од претставници на Македонскиот ПЕН-центар и Друштвото на писателите на Македонија, по што ќе  следува поетско читање. Во чест на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, кој се одбележува во текот на целата 2023 година, ќе бидат прочитани песни од Ацо Шопов.