Поевтинуваат дизелот и бензинот Еуросупер БС-95 за 2 денари

Сподели

 

Од полноќ, согласно најновата одлука, малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и Еуродизелот ќе се намалат за 2 денари по литар. Така, од ноќеска на полноќ, литар бензин Еуросупер БС-95 ќе чини 81,5 денари, додека дизел горивото ќе се продава по цена од 75,5 денари за литар.

Поевтинува и мазутот и од вечерва ќе чини 39,779 денари за килограм.

Цените на бензинот Еуросупер БС-98 и на Екстра-лесното масло за домаќинство не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија.