Полициски службеници спасија 9 лица кои се изгубиле на Попова Шапка

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден, двајца тетовци  на возраст од 15 и 19 години, во СВР Тетово пријавиле дека поради неповолните временски услови и густата магла на Попова Шапка, во близина на новиот ГЕ ски-лифт, каде се искачиле да скијаат, се изгубиле и потоа не знаеле каде точно се наоѓаат.

Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка и екипи од “Елем Турс’ веднаш презеле соодветни мерки за нивно пронаоѓање и ги пронашле двајцата тетовци, како и уште 7 други лица од Скопје, Куманово и соседно Косово кои, исто така, се изгубиле во тој реон.

Деветте лица на возраст од 15 до 45 години се безбедно вратени, информираат од МВР.