Вести Македонија Ударни вести

Половина од општините обезбедија 14 милиони денари парична донација за Турција и Сирија

Сподели:

 

По повикот за обезбедување на парична помош за настраданите од подрачјата зафатени од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, што неодамна го упати претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, веќе се огласија околу половина од општините од нашата земја.

Паричната сума што тие досега ја обезбедија за оваа намена измесува околу 14 милиони денари. Ова парична донација не е конечната сума што ќе биде уплатена од страна на единиците на локалната самоуправа, на отворената сметка на Црвениот крст. И во останатите општини веќе се покренати  процедурите за спроведување на законската форма за одобрување на утврдените донации, што треба да ги изгласаат општинските совети. Поддршката што ја даваат општините  претставува само уште една потврда за хуманоста и солидарноста за настраданите од оваа природна непогода.

Освен парична помош дел од општините обезбедуваат и материјална помош, во согласност со барањата што ги упатува населението од погодените подрачја.

Исто така, и многу граѓани се обраќаат во општините, заинтересирани самостојно да донираат и на тој начин да ја покажат солидарност и поддршка за настраданите.

Како што впрочем беше посочено при средбата на Претседателот Ѓорѓиевски со турскиот амбасадор Н.Е. Хасан Мехмет Секизќок и претставниците од Црвениот Крст и владините претставници, ЗЕЛС останува да биде на располагање за сите барања и потреби кои ги имаат жителите на погодените подрачја. 

Сметка на која може да се уплатат финансиски средства

Сподели: