Положено цвеќе на партизанските гробишта во Бутел и на гробот на генерал Михајло Апостолски

Сподели

 

На 13 ноември пред 78 години борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.

Во чест на 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје, со делегација од Градот Скопје, денеска положивме цвеќе и им оддадовме почит пред Споменикот на ослободителите на градот Скопје на Партизанските гробишта „Бутел“ и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски на градските гробишта „Бутел“.

 

 

На гробиштата во Бутел цвеќе положија и делегација на Владата на Република Македонија; Делегација на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна – Скопје; делегација од Кабинетот на претседателот на Република Македонија; делегација од Собранието на Републикa Македонија; делегација од Министерството за одбрана на Република Северна Македонија; делегација на Генералштаб на АРМ; делегации од Општините на Град Скопје; делегации од јавните претпријатија и јавни културни установи на Град Скопје; делегација на Црвен крст на град Скопје, како и делегации на дипломатскиот кор, граѓани и институции.