Вести

Полска бара оставки од лидерите на Европската комисија

The inauguration of the Berlaymont Building, headquarters of the European Commission .

Полскиот министер за надворешни работи денеска го повика Раководството на Европската комисија треба да поднесе оставка, затоа што „не успеа и не можеше да го зачува единството на ЕУ, изјави денеска шефот на полската дипломатија, Витолд Вашчиковски, додавајќи дека одлуката на Британците да излезат од Унијата е доказ за неуспехот на лидерите во Брисел.

– Се прашуваме дали ова раководство на ЕК, кое само пред еден месец ги повика политичарите да престанат да ги слушаат гласачите, има право да продолжи да функционира и да раководи со Европа. Според наше мислење – нема. Кога во политиката ќе пропадне еден политички проект – во случајов политичкиот проект за зачувување на европското единство – задолжително треба да се променат правилата на играта или да им се даде можност на нови политичари да го подобрат проектот, порача Вашчиковски.

Полскиот министер оцени дека треба дел од ингеренциите на Европската комисија да се префрлат во надлежност на Европскиот совет, кој, како што рече, е го сочинет од „политичари кои имаат демократски мандат“.

meta.mk

Сподели: