Попоски и Јолевски на чело на македонската делегација на НАТО-самитот во Варшава

Сподели

nato-samit-varshava-860x680

Делегација на Република Македонија, предводена од вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, и од министерот за одбрана, Зоран Јолевски, ќе учествува на самитот на НАТО што денеска и утре се одржува во Варшава, Полска, соопштија од Министерството за надворешени работи.

„Министерот Попоски ќе се обрати на состанокот на шефови на држави и на влади посветен на Авганистан, а за време на самитот ќе оствари и повеќе билатерални средби“, стои во соопштението од МНР.

Претседателот Ѓорге Иванов минатата недела соопшти дека нема учествува на самитот, поради непочитувањето на пресудата на Меѓународниот суд на правдата и на Привремената спогодба со Грција.

„Претседателот Иванов беше на самитот во Лисабон во 2010 година и во Чикаго во 2012 година. Имавме надеж дека ќе се испочитува очекувањето на Меѓународниот суд на правдата, Грција да не го продолжи однесувањето кое е утврдено како нелегално, дека ќе бидат испочитувани пресудата и Привремената спогодба. Но, кога е јасно дека нема индикации за тоа, претседателот Иванов нема да присуствува на самитот на НАТО во Варшава“, беше наведено во соопштението од кабинетот на Иванов.