Порталот за електронски услуги uslugi.gov.mk повторно е во функција

Сподели:

Министерството за дигитална трансформација ја известува јавноста дека Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk е повторно во функција кој поради технички причини и тековни активности за надградба на опремата одредени услуги на Националниот портал за електронски услуги беше привремено недостапен.

По надминувањето на техничките предизвици и завршувањето на неопходните активности за надградба, услугите на порталот повторно им се достапни на граѓаните. Им благодариме на граѓаните за трпението, разбирањето и довербата, информираат од Министерството за дигитална трансформација.

Сподели: