Посебен режим на сообраќај во Скопје

Сподели:

Од денеска, 20 јули до 23 јули, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува Претседателката на Република Индија, г-ѓа Друпади Мурму.

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Сподели: