Поставени 85 нови корпи за отпадоци во Старата скопска чаршија

Сподели

 

ЈП „Комунална хигиена“ денеска ги промовираше новите корпи за ситни отпадоци што се поставени во Старата скопска чаршија и во централното градско подрачје.

 

 

Градот Скопје неодамна набави 950 нови корпи наменети за ситни отпадоци, од коишто 100 имаат вградени кеси за одлагање отпад од домашни миленици. Вкупно 85 од овие корпи во текот на денешниот ден беа поставени во Старата чаршија, додека 100 корпи се распоредени во општина Центар.

 

 

Поставувањето на новите корпи за ситни отпадоци во голема мера ќе придонесе за подигнување на нивото на хигиената на јавните површини во нашиот град. Корпите ќе бидат распоредени во сите скопски општини